Преку 600 казни во Првомајската сообраќајна контрола!

Во текот на вчерашниот ден, Први мај, полицијата спроведе засилени сообраќајни контроли низ целата држава, при што се изречени вкупно 613 казни за разни прекршоци. Најзагрижувачки е фактот што 132 возачи биле фатени под дејство на алкохол, а 114 лица управувале возило без возачка дозвола. Ваквите бројки укажуваат на сериозно отсуство на сообраќајна култура и свест за последиците.

Полицијата издала и 115 казни за надминување на дозволената брзина, 42 за недозволено паркирање, како и 37 за некористење сигурносен појас. Дополнително, 10 мотоциклисти биле санкционирани поради неносење заштитна кацига, а седум возачи казнети поради користење мобилен телефон за време на возење. Според Законот за возила, 24 нерегистрирани возила биле отстранети од сообраќај, а четири поради техничка неисправност.

Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да се однесуваат одговорно и да ги почитуваат правилата, со цел заштита на сопствениот и животот на другите учесници во сообраќајот.

Слични Објави