|

Половина век од постоењето на ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп: (ВИДЕО)

Патронен празник исполнет со креативност и сеќавање на Гоцевите идеали

Со пригодна свеченост, Основното општинско училиште „Гоце Делчев“ од Прилеп го одбележа својот патронен празник, посветен на 122-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер Гоце Делчев и јубилејот – 50 години од основањето на училиштето.

По тој повод, училиштето организираше литературен конкурс на тема „Гоцевата мисла – завет за иднината“, кој ги поттикна учениците од прво до деветто одделение да создадат свои поетски и прозни лични творби, инспирирани од ликот, делото и вредностите на Гоце Делчев.

Наградени ученици во категоријата поетски лични творби:

  • Прво место:
    • Дарија Свртиноска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Даниела Наумоска
    • Сара Стојческа (ООУ „Блаже Конески“) – ментор: Весна Арсиќ
    • Давид Долгоски (ООУ „Кочо Рацин“) – ментор: Благојче Ристески
  • Второ место:
    • Јована Николоска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Елизабета Башеска Трајоска
    • Ѓорѓи Стојанов (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Христина Момироска
    • Давид Пуцакоски ( ООУ “Страшо Пинџур“ с.Мало Коњари) – ментор: Катерина Тодороска
    • Давор Христоски (ООУ „Кочо Рацин“) – ментор: Наташа Кулевска
  • Трето место:
    • Калин Ацевски (ООУ „Климент Охридски“) – ментор: Виолета Ристеска
    • Нина Димеска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Татјана Јованоска
    • Ивана Паскоска (ООУ „Климент Охридски“) – ментор: ЈулијН Талеска
    • Лука Трајкоски (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Катерина Тодороска

Наградени ученици во категоријата прозни лични творби:

  • Прво место:
    • Андреа Иваноска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Даниела Котеска
  • Второ место:
    • Лина Огненоска (ООУ „Кочо Рацин“) – ментор: Моника Трајкоска
    • Бисера Тасеска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Жаклина Ристеска
  • Трето место:
    • Јана Николоска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Маријана Ристеска
    • Бисера Димоска (ООУ „Гоце Делчев“) – ментор: Маријана Ристеска

За учество на ликовен конкурс на тема: “Детската визија за Гоце Делчев“:

Гран при — Илија Јоневски (ООУ „Блаже Конески“)

Гран при — Анџело Петрески (ООУ „Гоце Делчев“)

Прво место:

Илина Рајчиноска (ООУ „Гоце Делчев“)

Јордан Солески (ООУ „Гоце Делчев“)

Второ место:

Исидора Цветкоски (ООУ „Гоце Делчев“)

Дарија Чаданова (ООУ „Блаже Конески“)

Трето место:

Милица Мирческа (ООУ „Климент Охридски“)

Бојана Митрески (ООУ „Климент Охридски“)

Адам Калцоски (ООУ „Гоце Делчев“)

Настанот го збогатија музички и рецитаторски изведби од учениците, како и ликовни сликања во живо. Публиката имаше можност да ужива во детската креативност и да се потсети на пораките на Делчев, кои и денес имаат моќ да инспирираат.

Слични Објави