Празнична атмосфера во Прилеп – Радост и внимание за најмладите и најстарите
Денес, градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, заедно со претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјоска Локвенец, ја посетија градинката „Наша Иднина“ и Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“.
Во празнична атмосфера, со подароци и искрени желби, тие им посакаа среќни новогодишни и божиќни празници на најмладите и најстарите членови на заедницата.
„Со многу љубов и внимание, им посакавме среќни новогодишни и божиќни празници, подарувајќи им пригодни подароци и споделувајќи моменти на радост и среќа. Празниците се вистинска можност да покажеме грижа и солидарност, да подариме насмевки и да ја споделиме празничната магија.“ напиша градоначалникот Борче Јовчески