Повторно затворање на патот Прилеп-Крушево-Сладуево предизвикува револт кај жителите од Крушево, Кривогаштани и Долнени
Жителите на Крушево, Кривогаштани и Долнени повторно се соочуваат со сериозни проблеми во секојдневното движење поради ново затворање на патот Прилеп-Крушево-Сладуево. Причина за затворањето се градежни зафати на мостовите на регионалниот пат Р1306, но она што најмногу ги вознемирува граѓаните е тоа што не постои безбедна и соодветна алтернатива.
Општина Крушево испрати официјално писмо до ЈП за државни патишта. Алтернативниот пат е тесен, небезбеден и непримерен за редовен сообраќај, особено за ученици, работници и итни случаи.
„Не сме ни информирани, ниту вклучени во планирањето. А граѓаните до нас бараат одговори,“ стои во писмото потпишано од градоначалникот Томе Христоски. Тој бара итна реакција и вклучување на локалната самоуправа во процесот на изнаоѓање безбедно и функционално решение.
Општина Крушево апелира до институциите и изведувачите на работите да го почитуваат гласот на граѓаните, да информираат навреме и да соработуваат за доброто на сите во Пелагонија.
Во продолжение официјалниот допис од општина Крушево.
