Нов успех за Прилепчанецот Ѓорѓиески -освои бронзен медал на Европското првенство во билијард (ВИДЕО)
Прилепчанецот Владимир Ѓорѓиески освои бронзен медал на Европското првенство во билијард, кое се одржа од 29 март до 9 април во Талин, Естонија.
Овој голем успех е уште едно признание за трудот и посветеноста на Ѓорѓиески, кој настапи како дел од македонската репрезентација во категоријата за спортисти со хендикеп. Тој се натпреваруваше во три дисциплини, при што успеа да стигне до бронзениот медал, борејќи се со врвни европски играчи.
Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард, и ова година се вати со бронзен медал од Европското првенство, Ѓорѓиески, настапи на најпрестижниот континентален самит од 29.03 до 09.04, во Талин, Естонија. Ѓорѓиески на континенталниот самит се натпреваруваше во категорија на спортисти со хендикеп во три дисциплини.