| |

„Порака“ и „Преродба“ ја негуваат традицијата со работилници за месење

Во просториите на Дневниот центар „Порака“, корисниците и членките на Здружението за социјална и хуманитарна акција „Преродба“ одржаа работилница посветена на традицијата – месење солени кифлички.

Работилницата беше одлична прилика за корисниците да се запознаат со вештина на месење и да ги усовршат своите кулинарски способности. Корисниците активно учествуваа во целокупниот процес, од подготовката на тестото до обликувањето на кифличките, при што се поттикнаа социјалните вештини и тимска работа.

„Ова е прекрасна активност која не само што се поттикнуваат социјалните вештини и тимска работа, туку и ја зачувува и негува традицијата и културното наследство. Благодарни сме на сите кои учествуваа и ја поддржаа оваа работилница“, истакнаа од Здружението „Преродба“.

Соработката помеѓу Дневниот центар и здружението продолжува да расте, а оваа работилница е само една од низата активности кои се насочени кон развој на личните вештини на корисниците и нивната социјална интеграција. Организаторите изразија благодарност за успешната реализација и обостраното задоволство.

Фото – Дневен центар „Порака“

Слични Објави