5000 ДЕНАРИ И УЧИЛИШЕН ПРИБОР ЗА СЕКОЕ ПРВАЧЕ ВО ОПШТИНА МОГИЛА
Согласно Одлуката на Советот на Општина Могила еднократната парична помош ќе се доделува и оваа година за секое прваче.
Овај проект се реализира веќе трета година во општина Могила, во 2022 г. финансиската помош била по 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче, во 2023 г. по 4000 денари, додека оваа година финансиската помош е зголемена на 5000 денари.
“Овој проект има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче. Воедно ќе обезбедиме финансиска помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети.“ соопшти градоначалникот Драганчо Саботковски