Фабрика за рециклирање на отпад во општина Прилеп

Во 2024 година ќе започне со изградба и реализација на Фабрика за рециклирање на отпад во општина Прилеп!

Приоритет во реализирањето на овој проект е секундарната селекција на отпад, која значи многу во заштитата на животната средина, здравјето на населението, развојот на зелената економија, културата на живеење, но и почитувањето на законската регулатива во остварување на испорачаните таргети од ЕУ во однос на правилното третирање и управување на отпадот.

Завршувањето на овој капитален проект би значело зголемени количини на селектиран отпад, поставување на етички и морални норми во управувањето со отпадот, информација, обука и едукација на граѓанството и зголемување на бројот на задоволни граѓани и бизнис заедницата кои се вклучени, или ќе се вклучат да го селектираат отпадот, а за сите нив досега се обезбедени бесплатни корпи за селекција на отпад како стумилативна мерка од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец Прилеп“, кое во континуитет го развива и надоградува моделот за селекција на отпад.

Идејното решение за стопaнскиот комплекс за управување со отпад е од јавното претпријатие ,, Комуналец’’, додека изработката на проектната документација од ЈП за ПУП.

Изградбата на халата за селекција на отпад беше отпочната во 2016 година, и стопирана за градба во 2018 година. Моментално доселекцијата на корисни отпадни материјали се извршува во импровизирана хала со мануелна селекција на одвојување и со балирање на 50 тонска aвтоматска преса. Но и покрај тешките услови за работа, ЈКП Комуналец, сеуште на ниво на држава селектира отпад колку и сите градови заедно.„ Стои во објавата од градоначалникот Борче Јовчески.

Слични Објави