Одбележана 83-годишнината од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски

Со полагање на свежо цвеќе и пригодна церемонија, денес беше одбележана 83-годишнината од смртта на народните херои Стеван Наумов – Стив и Димитар Богоевски – Мите, кои заедно загинаа на 12 септември 1942 година кај местото Болно, Ресенско. Настанот беше организиран од Сојузот на борци.



Во име на Општина Битола почит оддаде градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, Сојузот на борци и членовите на семејството на загинатите херои. Свој претставници имаа и политичките партии, а дел од церемонијата беа и учениците од основното училиште „Стив Наумов“ од Битола, кое го носи името на народниот херој.

Слични Објави