| | | |

3. ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ (ВИДЕО)

Во дневнииот центар „Ѕуница“, беше одбележан, „Меѓународниот ден на лицата со попреченост“. Корисниците на дневниот центар, помогнати од дечињата од прилепските градинки и училишта припремија весела програма за посетителите. Танци, песни, безброј насмевки и многу љубов беа споделени на овој преубав настан.

Директорот на ЈУМЦСР – Прилеп, Зоран Малкоски, изјави дека полека го достигнуваме нивото на свесност за тоа дека,, лицата со поперченост се дел од нашето секојдневие и не се невидливи.

Снажана Јошеска, раководител на дневниот центар „Ѕуница“, изрази благодарност до сите посеители на настанот и ја опиша секојдневната работа на центарот и активностите со кои децата се анимираат и им се помага во секојдневното функционирање.

Градоначалникот Борче Јовчески најави поголем објект за центарот.

Слични Објави