80 години со љубов за Прилеп – Свечена седница на Советот на Општина Прилеп и доделување на наградите ,, 3-ти Ноември”
Нека ни е честит 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.
Вчера се oддаде почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.
Заслугата за овој епитет на нашиот град е заслуга на сите кои што придонесле за тоа, преку 8000 прилепчани кои биле учесници во Народноослободителната борба и од кои имаме 650 жртви и 15 Народни херои.
3 Ноември, секогаш ќе биде потсетување за нивното дело и чествување за нивната визија за слобода, правда и демократија.
Овој ден треба да биде потсетување и за младите генерации, да не забораваат каде се родиле, каде живеат и да се трудат секој во својата област на делување, да придонесат за што подобра иднина на Прилеп.
80 години подоцна, стоиме тука со една прекрасно воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во градот.
Почитувани,
Kако градоначалник на Прилеп сакам да упатам еден апел дека е потребно да бидиме сплотени и да се избориме заедно за поголем локален економски развој, подобра инфраструктура, квалитетно образование и напредок во сите други области.Во таа насока Локалната самоуправа изминатиов период работеше на тоа и ќе продолжиме максимално посветени, и во наредниот период имаме планирано и ќе започнеме со изградбата на капиталните проекти за општина Прилеп, уште нови кружни текови во нашиот град, потоа уште една нова катна гаража, нови водоводни и канализациони мрежи, нови спортски и рекреативни игралишта, субвенции насочени кон граѓаните и многу други и тековни и нови значајни проекти на кои што сме посветени, се со цел овозможување на подобри услови за живот на сите наши сограѓани.
Целта е една и единствена – Да го направиме Прилеп достојно место за живеење, за нас и за нашите деца, блиску до нас, во нашиот град и во нашиот дом!
Упатувам искрени честитки до годинешните добитници на наградата 3-ти Ноември! Почитувани прилепчани, бидете горди со вашите достигнувања и успеси и продолжете да не правите и нас горди што сме ваши сограѓани.Посакувам заеднички да се радуваме на сите идни успеси на Прилеп и на нашата татковина Република Македонија. - стои на фејсбук страната на градончалникот Борче Јовчески.