КОЛКУ ПРВАЧИЊА ОД ПРИЛЕП ЌЕ ДОБИЈАТ ПО 3.000 ДЕНАРИ – КОНЕЧНА ЛИСТА НА КОРИСНИЦИ НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧЕ
Општина Прилеп ја објави конечната листа на корисници на еднократната парична помош за првачињата за учебната 2026/2027 година. Правото на финансиска поддршка во износ од 3.000 денари го оствариле осум ученици.
Од Општината упатуваат и важно известување до родителите и старателите кои се корисници на права од социјална заштита, со цел да ги преземат потребните чекори за да не дојде до прекин или губење на постојните права.
Во продолжение следува целосното известување од Општина Прилеп:
КОНЕЧНА ЛИСТА НА КОРИСНИЦИ НА ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ПРВАЧЕ
Учебна 2026/2027 година
Врз основа на член 5 од Правилникот за еднократна парична помош за прваче запишано во основно училиште на територијата на Општина Прилеп бр. 09-385/2 од 30.01.2026 година и Записникот од Комисијата за општествени дејности и правата на децата при Општина Прилеп бр. 09-3844/3 од 26.11.2026 година, во продолжение е конечната листа на лица кои го оствариле правото на еднократна парична помош за прваче во износ од 3.000 денари:
- Андреа Руменовска – 3.000 денари
- Никита Иваноска – 3.000 денари
- Јана Христоска – 3.000 денари
- Алпарслан Текешаноски – 3.000 денари
- Јаков Димоски – 3.000 денари
- Софија Јованоска – 3.000 денари
- Галена Ѓорѓиоски – 3.000 денари
- Илин Секулоски – 3.000 денари
ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РОДИТЕЛИТЕ / СТАРАТЕЛИТЕ – КОРИСНИЦИ НА ПРАВАТА ОД СОЦИЈАЛНАТА ЗАШТИТА
Се известуваат родителите и старателите на учениците опфатени со оваа конечна листа, кои воедно се корисници на права од социјална заштита, дека со цел уредно пријавување на оваа еднократна парична помош и спречување на каков било ризик од прекин или губење на правото на социјална помош, задолжително треба да ги преземат следниве чекори:
1. Подигнување на решението:
Да подигнат копија од Решението за остварување на правото на еднократна парична помош за прваче од Приемното одделение при Општина Прилеп.
2. Известување на Центарот за социјални работи:
Со така подигнатото решение, задолжително да се обратат во Центарот за социјални работи – Подружница Прилеп, каде што истото ќе го достават и ќе ја пополнат соодветната изјава согласно законските прописи.
Напомена: На навременото постапување по ова известување се поттикнува со цел непречено остварување на финансиската поддршка за првачињата без притоа да се загрозат тековните права од социјалната заштита на семејството.
Број: 03-3844/4
Датум: 26.11.2026 година
Градоначалник на Општина Прилеп
Дејан Проданоски


