Прва награда по биологија на Георги Николоски на манифестацијата „Ноември – месец на науката 2024“
Георги Николоски, ученик во III 4 клас, ја освои првата награда по биологија на манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката 2024“, која се одржа на 30 ноември 2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Неговиот експеримент „Ефектот на млечно-киселите бактерии врз растот и развојот на растенијата“, под менторство на професорката Софија Крстеска, ги импресионираше стручните жири и публика.
Манифестацијата беше организирана од Сојузот на математичари на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ), а во реализацијата учествуваа и Македонското биолошко друштво, Македонското географско друштво, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, Македонското еколошко друштво и Скопското астрономско друштво.
Георги е познат по своите извонредни резултати на државните натпревари, редовно освојувајќи први места, а оваа награда е само еден во низата негови успеха. Покрај тоа, тој е и кандидат за Олимпијадата по биологија и Олимпијадата по хемија, што ја потврдува неговата посветеност и талент за природните науки.
Овој успех е резултат на упорноста и трудот на Георги, но и на поддршката која ја добива од наставниците и менторите, кои ја поттикнуваат неговата љубов кон науката.
Фото – Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп