Општина Прилеп без кадар: 8. седница започна со прекршување на деловникот
Осмата седница на Советот на Општина Прилеп започна спротивно на Деловникот, без претходно да биде ставен на гласање и усвоен записникот од 7. седница.
На оваа процедурална неправилност реагираше советникот Методија Костоски, кој посочи дека Советот не може да продолжи со работа без формално усвојување на извештајот од претходната седница.
На неговата реакција одговори претседателката на Советот, Билјана Кржеска, која информираше дека од општинските служби биле известени оти, поради технички причини и недостиг на кадар, не успеале навреме да го изготват записникот од 7. седница.
Случајот повторно го отвори прашањето за состојбата во општинската администрација и нејзината способност навремено и законски да ги поддржи работата на Советот, особено кога ваквите пропусти директно влијаат врз легалноста на одлуките што се носат.



