|

Општина Прилеп и СЗО заедно во борбата против пушењето



Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија, д-р Аким Али, оствари работна посета на Општина Прилеп, каде што се одржа средба со градоначалникот г. Дејан Проданоски и директорот на Центарот за јавно здравје Прилеп, д-р Горан Кузески.

На средбата беше договорена засилена соработка во насока на борба против пушењето и намалување на употребата на тутун, преку координирани локални активности и пошироко вклучување на релевантните чинители во заедницата.

Фокусот ќе биде ставен на зајакнување на центрите за откажување од пушење, како и активно учество на училиштата, невладиниот сектор, инспекциските служби и бизнис-заедницата во превентивните и едукативни активности. – стои во соопштението од Светската здравствена организација (СЗО)

Од Општина Прилеп и СЗО потенцираа дека само преку заеднички и координиран пристап може да се изградат поздрави навики и да се унапреди јавното здравје во локалната заедница.

Слични Објави