ОПШТИНА БИТОЛА И ЈП КОМУНАЛЕЦ СО АКТИВНОСТИ ЗА ПОДОБРО ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДОТ ВО ГРАДОТ

Општина Битола и ЈП „Комуналец“ Битола започнуваат со реализација на активности со цел подобро постапување со отпадот во градот. Ваквите активности предвидуваат поставување соодветни садови за собирање, селекција на отпад од пластика, нови контејнери за селекција на отпад и воведување селекција на отпад од хартија.

Активностите ќе се одвиваат во три фази. Првата фаза ја опфаќа населбата Генимале, каде се планира да се обезбедат бесплатни канти за соодветно одложување на мешан комунален отпад за 600 домаќинства. Во текот на втората фаза, ќе бидат обезбедени контејнери за селекција на пластика и хартија со што ќе бидат опфатени околу 1000 домаќинства од населбата кај Касарната во Битола. Третата фаза ќе се однесува на отпочнување селекција на отпад од хартија во населбата Брусничка.

Садовите за отпад се донација од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во наредниот период ќе бидат поставени на повеќе локации во градот над 1200 садови за отпад за индивидуални домаќинства и 59 садови за отпад во колективни згради.

Ваквите активности ќе овозможат да се подигне свеста на граѓаните за потребата од селекција на отпадот и да се намалат негативните влијаниа врз животната средина. Исто така, пластиката и хартијата се видови отпад кои може да се рециклираат и повторно да се користат за истата намена, па затоа е неопходно да се овозможат услови за негова селекција во што поголеми количини. Со овој пилот проект , општината ќе биде чекор поблиску до подобро спроведување на обврските за управување со отпад, чија крајна цел е да се овозможи заштита на животната средина и обезбедување поквалитетен живот за сите жители на општина Битола и пошироко.

Слични Објави