Одржана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп – Билјана Кржеска избрана за претседател
Денес се одржа конститутивната седница на новиот состав на Советот на Општина Прилеп, на која советниците го започнаа својот нов мандат. За претседател на Советот беше избрана Билјана Кржеска.
Пред советниците да ја положат свечената заклетва, советникот од Левица, Жарко Стеваноски, во процедурална забелешка укажа дека во текстот на заклетвата што им беше доставен на советниците стои терминот „Северна“, при што посочи дека според него тој треба да се користи дури по отворањето на поглавјата за пристапување кон ЕУ. Тој побара нови материјали и усогласување со Законот за локална самоуправа.
По пауза од околу 20 минути, советниците се вратија во салата и ја положија заклетвата со текстот „Република Македонија“.
Со изборот на претседател и полагањето на заклетвите, Советот ги постави темелите за работа во наредните четири години. Кржеска најави конструктивна и транспарентна работа, со фокус на развојот на Прилеп и интересите на граѓаните.
Во наредниот период следува формирање на советничките комисии и започнување со редовна работа и носење одлуки значајни за локалната заедница.
На крајот на седноцата. новоизнранит градомачалник, имаше поздравен говор до советниците:
Денес е голем и свечен ден за нашиот Прилеп, ден кога започнува ново поглавје на заедништво, развој и напорна работа.
Од срце им честитам на сите 27 новоизбрани членови на Советот на Општина Прилеп. Ви посакувам успешен, мудар и плоден мандат исполнет со конструктивни дебати и резултати во интерес на граѓаните.
Посебна честитка упатувам до новоизбраната претседателка на Советот, д-р Билјана Кржеска, со искрени желби за успешно водење на советничкото тело во духот на соработка и посветеност кон сите прилепчани.
Изборите завршија, време е за работа!



