По речиси 12 часа саниран дефектот на ул. „Александар Македонски“

По речиси 12 часа, саниран е дефектот на водоводната мрежа на улицата „Александар Македонски“, наспроти АМСМ.

Дефектот настанал синоќа на спојките од новите водоводни цевки, кои, според информациите од терен, биле поставени пред околу десетина дена.

Поради дефектот, жителите на оваа улица беа без вода речиси 12 часа.

Екипите интервенираа во текот на ноќта и утрово, по што водоснабдувањето е нормализирано.

Слични Објави