Лежерно интервју со Јулијана Николовска (видео)
Денес влегуваме во светот на изработките од епоксидна смола – материјал кој овозможува бескрајни креативни можности. Кои се најголемите предизвици во работата со овој материјал? И, најважно – како се создаваат тие магични, проѕирни, преполни со детали парчиња накит и декорации?
Јуле ќе ни раскаже за целиот процес, од идеја до финален производ, ќе ни открие мали тајни и ќе ни даде совети за сите што сакаат да експериментираат со епоксид. Не го пропуштајте ова инспиративно интервју – ве очекува многу креативна енергија!