|

Состанок во Општина Ресен за идни мерки за Преспа

Во организација на градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, денес во општинските простории се одржа работен состанок посветен на програмата за заштита на Преспанското Езеро.



На состанокот присуствуваа заменик-министерката за животна средина Ане Лашкоска, пратеникот Кире Божиновски, директорите на националните паркови „Галичица“ и „Пелистер“, како и претставници од МЕД, Еко Герила, УНДП, Хидробиолошкиот завод и од Секторот за животна средина и природа при Општина Ресен.

Разговорите поминаа во конструктивна атмосфера со размена на идеи и предлози за идни активности и мерки кои ќе придонесат за поефикасна заштита и одржливо управување со уникатниот екосистем на Преспанското Езеро.

Градоначалникот Тозиевски истакна дека заштитата на природата и животната средина останува врвен приоритет на Општина Ресен и дека заедничките напори со институциите и организациите се клучни за зачувување на природното богатство на Преспа.

Слични Објави