Планинарско друштво „Златоврв“ – 100 години Планинарство во Македонија
Планинарското друштво „Златоврв“, едно од најстариите планинарски друштва во Македонија, одбележува јубилеј – 100 години од основањето – 100 години Планинарство во Македонија. По тој повод, друштвото организира настани кои ќе се одржат на 16-ти и 17-ти ноември 2024 година.
На 16-ти ноември ќе се одржи свечена академија во градската библиотека „Борка Талески“ во 18:00 часот. На која ќе бидат презентирани најзначајните моменти од историјата на друштвото, како и неговата улога во развојот на планинарството во Македонија.
На 17-ти ноември, друштвото ќе организира традиционално искачување на Златоврв, (тргнување во 08:00 часот, локација Слонот) – Златоврв кој не е само симбол на друштвото, туку и важен планинарски локалитет во регионот.
Покрај редовните членови на друштвото, сите љубители на планинарењето и природата се поканети да учествуваат во оваа важна прослава, која е прилика за заедничко славење на вековната традиција и љубовта кон природата и планинарските вредности.
Планинарското друштво „Злато Врв“ продолжува да биде инспирација за нови генерации планинари, кои се посветени на зачувување на природните богатства и промовирање на активен живот во природа.