На Клиниката за ортопедија извршена е уште една трансплантација со коска од донор
Интервенцијата е извршена кај 12 годишен пациент, кој е претходно опериран поради деформитет на левото стапало со користење штраф, а по повторна појава на деформитетот се одлучи да се извади ставениот штраф и да се замени со трансплант од донор кој дава подобра и постабилна корекција. Пациентот испишан во гипсена имобилизација и по шест недели ќе започне со процес на рехабилирација.
Оперативната интервенција ја изведе проф.д-р Зоран Божиновски со својот тим асистенти Теодора Божиновска, Симона Карапанџевска, анестезиолог Јадранка Зафировска со анестетичар Златка Апостолова, инструментарка Билјана Тројановиќ и помошен персонал Костадинка Вучковиќ и Сејнур Идриз.