|

ИЈЗ: Пикот на грипот се очекува кон крајот на јануари, ќе се следи состојбата со учениците

Зголемениот број на заболени од грип е очекуван за овој период од годината, а пикот на сезоната се очекува од втората половина на јануари до првата половина на февруари, изјави директорката на Институтот за јавно здравје, д-р Марија Андоновска.

Таа посочи дека ИЈЗ внимателно ќе ја следи состојбата и, доколку има потреба, ќе даде препораки до Министерството за образование и наука во врска со почетокот на второто полугодие.

Во периодот од 29 декември до 4 јануари пријавени се 1.725 случаи на грип и заболувања слични на грип, што е повеќе од двојно зголемување во споредба со претходната недела. Инциденцата на национално ниво е над границата на средна активност.

Најголем број заболени се регистрирани кај децата од 5 до 14 години, кои имаат и највисока инциденца. По градови, најмногу случаи има во Скопје, Тетово и Куманово. Многу висока активност на грип е забележана во Дебар, а висока во Велес и Тетово.

Во сезоната 2025/2026 досега се регистрирани вкупно 3.825 случаи на грип, што е речиси трипати повеќе во споредба со истиот период лани.

Слични Објави