„Македонскиот Аполон“ Матеј Павловски прогласен за маж со најубаво тело на „Менхант 2025“

Македонскиот модел Матеј Павловски (24), попознат како „македонскиот Аполон“, го освои престижното признание „Модел со најубаво тело“ на светскиот избор „Менхант Интернационал 2025“, што се одржува во Бангкок, Тајланд.

Павловски се истакна во конкуренција од 37 врвни модели од целиот свет и е единствениот претставник од Балканот, како и еден од ретките од Европа. Неговата појава и физички изглед го издвојуваат како фаворит и за главната титула – најдобар светски модел.

Член на престижната македонска модна агенција „Макс Моделс“, Матеј Павловски веќе е добро познат и на меѓународната сцена, а неговата популарност на социјалните мрежи расте.

Признанието за „најубаво тело“ е уште една потврда за неговата посветеност, дисциплина и професионализам, со што ја зацврсти својата позиција како еден од најперспективните млади модели од регионот.

Со оваа победа, Македонија добива нов интернационален амбасадор во модниот свет – млад, харизматичен и инспиративен лик кој ја претставува земјата со гордост.

Слични Објави