|

Интегрирани развојни планови – Каква општина сакаме и што да направиме за тоа?


Интегрираните локални развојни планови им помагаат на општините подобро да ги планираат активностите и ефикасно да ги спроведат.

Со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), веќе 33 општини подготвуваат вакви планови по новата Методологија ревидирана од страна на Министерство за локална самоуправа.

Интегрираните локални развојни планови се сеопфатни планови за развојот за наредните четири години, кои се базираат на податоци за тоа со какви капацитети располага општината, какви потреби има, каква и е финансиската состојба и каков развој сака и може да постигне во тој период. Поради тоа плановите се нарекуваат интегрирани, бидејќи го опфаќаат целосното функционирање на локалната самоуправа во насока на остварување на своите стратешки цели.

Како се прави тоа, погледнете повеќе во видеото од UNDP MK!

За оние кои сакаат да знаат повеќе публикацијата „Методолошки насоки за подготовка на интегрирано локално развојно планирање“ е достапна на следниот линк: Methodological Guidelines for Preparation of Integrated Local Development Plans

Подготовката на плановите се реализира во рамките на проектите „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ финансиран од Шведска Embassy of Sweden in Skopje и Бирото за регионален развој и „Зајакнување на општинските совети“ финансиран од Embassy of Switzerland in North Macedonia и Министерството за локална самоуправа.

Слични Објави