Ана и Алексеј на големата сцена во Мадрид – Шпанија
Нашите претставници на Детската Евровизија за 2024 година, талентираните битолчани Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски, ја имаа својата втора проба на големата сцена во Мадрид, Шпанија, подготвувајќи се за долгоочекуваното финале.
На фотографиите од пробата, објавени на официјалните инстаграм-профили на Ана и Алексеј, може да се забележи како ќе изгледа нивното настапување за време на големото финале, кое ќе се одржи в сабота, 16 ноември, со почеток од 18 часот. Дуото изгледа самоуверено и ентузијастично, со низа технички подготовки и сценски ефекти кои ќе ја направат нивната изведба незаборавна.
Гласањето за финалистите започнува в петок, 15 ноември, од 21 часот, а можете да го поддржите нашето младо дуо со својот глас преку следниот линк: https://vote.junioreurovision.tv/
Поддршката од публиката ќе биде клучна за нивниот успех на оваа престижна сцена, а вашето учество ќе значи многу за нив.