ПРОМОЦИЈА НА АВАНТУРИСТИЧКИОТ ПАТЕПИС „ДО ХИМАЛАИ – ВИСИНА И СТРАСТ “ ОД ГОРАН ДАМЕВСКИ
Денес 24 октомври со почеток во 19 часот во “Офицерски” – Битола промоција на авантуристичкиот патепис “До Хималаи, висина и страст” од Горан Дамевски. Во издание на издавачката куќа “Восток” од Битола.
На промоцијата ќе претходи изложба на фотографии од авторот од планините во кои учествувал на експедиции: Од Пелистер и Шар Планина, до Олимп, Пирин, Арарат, Дамавант, Монт Блан и Хималаите.
Промотор ќе биде македонскиот писател Михајло Свидерски.
Претходник на промоцијата ќе биде изложбата на фотографии кои ќе ве искачат на врвовите, и нема да ве остават рамнодушни.
фото : ВОСТОК – Издавачка Куќа Vostok Publishing House