Каратистите на КК „Бонсаи“ ја претставуваат Македонија на Балканското првенство во Риека

Од 7 до 9 ноември 2025 година, во Риека, Хрватска, ќе се одржи Балканското првенство во карате, на кое ќе настапи македонскиот Карате клуб „Бонсаи“.

Клубот ќе биде претставен со пет натпреварувачи: Јована Илиоска, Цвете Миланоска, Марија Јорданоски, Катерина Јорданоски и Леонид Белески. Тие ќе се натпреваруваат во дисциплините ката (индивидуално и екипно) и кумите (индивидуално и екипно).

Тимот е под водство на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески, кои интензивно работеле на техничката, физичката и менталната подготовка на каратистите за престојниот натпревар.

„Нашите каратисти се целосно подготвени и мотивирани. Веруваме во нивниот квалитет и се надеваме дека ќе го покажат најдоброто од себе на меѓународната сцена“, истакнаа тренерите Пурдеска и Ристески.

Балканското првенство во Риека ќе собере каратисти од сите земји во регионот и е едно од најзначајните натпреварувања во календарот на Балканската карате федерација.

Слични Објави