|

Во недела, 15 март ДА го бодриме единствениот Македонец претставник на Зимската Параолимпијада

Во недела, 15 март, македонската јавност ќе има можност да го бодри својот единствен претставник на Зимската параолимпијада – струмичанецот Зоран Јовановски, кој испишува историја како прв македонски параолимпиец што настапува на Зимските параолимписки игри.

Јовановски ќе настапи во дисциплината слалом, која е на програмата на последниот ден од Зимските параолимписки игри Милано–Кортина 2026.

Со неговиот настап, Македонија за првпат има свој претставник на ова големо светско спортско натпреварување, што претставува значаен момент за македонскиот спорт и за параолимпиското движење.

Да му посакаме многу успех и со гордост да го бодриме нашиот претставник на светската сцена!

Слични Објави