Благојчо во инвалидска количка ја помина трката од 5 км на „Трчај бе“
Благојчо Ѓоргиев, во инвалидска количка ја помина трката од 5 км на „Трчај бе“ во Битола. Тој ја туркаше количката кон целта, каде го чекаше неговата мала ќерка и беше таму за да го бодри трчајќи пред него се до целта.
„Пред стигнување до целта на стазата од 5 километри најголемата мотивација ми беше: кога видов дека ќерка ми се пушти на мајка и од рака и тргна пред мене да ме бодри“.
Благојчо верува дека ништо не е невозможно и дека сите ограничувања постојат само во нашите умови. И покрај тоа, нагласува дека лицата со попреченост се соочуваат со значајни предизвици во секојдневниот живот, бидејќи не постојат адекватни услови за нив и прилагодени колички за движење надвор.Тој преку трката сака да ја зголеми свеста за лицата со инвалидитет и да поттикне општествени промени.
„Патеката ја поминав во чест на сите неправди што ги доживува македонскиот народ, особено лицата со попреченост. За да се промениме и постигнеме нешто, сè зависи од нас. Ограничувањето е само во нашата глави. Не постои ограничување ако навистина сакаме да направиме подобро“ – изјави тој.
„Величината на едно општество се мери според тоа како се однесува кон најнемоќните“
„ОГРАНИЧУВАЊЕТО е состојба на умот; не постојат неостварливи цели, туку само недостаток на храброст и упорност“ – напиша Благојчо.