|

Kаде да се обратиме за да ни се надомести штетата?

После реакцијата на голем број граѓани до нашата редакција, дека поради прекини на електрична енергија им се случуваат дефекти со електрични апарати и не знаат каде да се обратат, otv.mk испрати прашање до Организацијата на потрошувачи на Македонија.

Дали како потрошувачи имаме право на обесштетување и каде да се обратиме за да ни се надомести штетата?

Одговорот ви го пренесуваме во целост.

Во случаи кога поради  честите прекини на електрична енегија на потрошувачите им се расипани електричните апарати, најпрво треба да пријават до Службата за грижа на корисници, со цел да дојде екипа која може да изврши поправка на апаратите. Доколку не се поправаат, службата да даде мислење за надомест во парични средства. Доколку ЕВН не ги обештети потрошувачите, тие имаат право да поднесат барање до ЕВН за надомест на штета за кое првостепено одлучува службата за обештетување. Доколку потрошувачот не е задоволен од нивното решение, може да се жали до Комисијата за утврдување на штета и определување на износ за надомест на штета и на крајот да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика.

Со почит

ОПМ

Слични Објави