Изложба на портрети – Ема (ВИДЕО)
Синоќа во Клуб Калинка се одржа првата самостојна изложба на Емилија Трајковска. Тема на изложбата беа портрети на познати личности од Македонија, но и неколку светски ѕвезди. 13 портрети ќе ги красат ѕидовите на Калинка во наредните две седмици за секој љубител на ликовната уметност да може да ги посети.


Изработката на портрети, како и ѕидните декорации, влечат корени уште од дамнешни времиња.
Портретот како стилска фигура се употребува првенствено за зачувување на споменот на ликот. Вреднувањето е поголемо поради самиот дух кој го внесува уметникот со користењето на самата енергија во ракотворбата. Така и нашата драга Ема во своите уметнички дела внесува дел од себе си, со што во секое нејзино дело може да се види и препознае нејзината харизма и незапирливиот ведар дух. Желбата за уметност и првите творештва се појавуваат уште во раното детство. Како и музичарот преку нотите така и Емилија, нејзините чувства ги изразува преку моливот и четката, пренесени на хартија,платно,ѕидови,излози…
Напишано од:
Џулијано Лауцовски