„Исчезна“ возило во сопственост на АРМ
Возило во сопственост на АРМ, оставено на сервис во автосалон во Гази Баба било украдено во текот на ноќта…
На 27.04.2025 во 08.40 часот во СВР Скопје, С.А. пријавил дека во текот на ноќта на 27/28.04.2025 од неговиот автосервис на подрачјето на Гази Баба било одземено товарно возило „ивеко дејли–фургон“, сопственост на АРМ, а кое било оставено за сервисирање, како и регистарски таблички од патничко возило „мазда“ кое било оставено на сервис.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. стои во соопштението од МВР.