|

Бадниковата посна трпеза – вековна традиција и духовна подготовка за Божик

Бадниковата посна трпеза е еден од најпрепознатливите симболи со кои се одбележува овој свет ден во христијанскиот свет. Таа е израз на духовна подготовка, скромност и заедништво, во пресрет на големиот христијански празник, Христовото раѓање, Божик.



На трпезата традиционално се наоѓаат посни јадења: сарми со ориз, грав, разни видови овошје, ореви, суви плодови, пита со паричка, како и други благи специјалитети подготвени без масло од животинско потекло. Секое јадење има свое симболично значење и е дел од вековната традиција што се пренесува од поколение на поколение.

Овие обичаи ги практикуваат семејствата кои го слават овој ден со пост и молитва, во исчекување на радоста од Христовото раѓање. Покрај црковните канони и богослужби, во Бадник се испреплетуваат и бројни народни обичаи и верувања, кои му даваат посебна духовна и културна димензија на празникот.

Бадник не е само ден на пост и традиција, туку и ден на семејно собирање, простување, тишина и надеж, кога домот се подготвува да ја прими светлината и радоста што ја носи Божик.

Слични Објави