Граѓански буџет на општина Кривогаштани за 2024 година
Граѓанскиот Буџет е форма која на едноставен начин го доближува буџетот до граѓаните, интерактивно ги информира за тоа како се крои буџетот, на кој начин се полни и како се трошат распределените средства. А со тоа општината станува транспарентна и отворена кон своите жители.
Буџетот е една од најважните политики на локалната власт. Токму преку буџетот се распределуваат финансиските средства на општината неопходни за остварување на правата на сите жители во општината. Се користи за планирање како локалната власт ќе ги прибере и распредели јавните финансии за да ги исполни своите политики и цели.
БУЏЕТОТ НА ОПШТИНАТА претставува годишен план на сите приходи, приливи и одобрени средства и сите расходи и одливи на средства, а ги вклучува основен буџет на општината, буџетот на дотации, буџетот на донации, буџетот на заеми и буџетот на самофинансирачки активности.
На следниот линк е Граѓанскиот буџет на општина Кривогаштани за 2024 година.