Христоски: Крушево оди напред – уште посилно кон победа во вториот круг
Актуелниот градоначалник на Општина Крушево и кандидат на СДСМ, Томе Христоски, соопшти дека СДСМ освоила мнозинство во новиот Совет на општината со пет советници, додека ВМРО-ДПМНЕ има четворица, а ДУИ и ВЛЕН по еден советник.
„Граѓаните јасно порачаа – Крушево оди напред! Во вториот круг одиме уште посилно и помотивирани, за нова, уште поубедлива победа, за заедништво, работа, визија и еднаквост!“, изјави Христоски.
Тој истакна дека резултатот е јасна порака од граѓаните за доверба во политиките на напредок и соработка. Според него, притисоците и манипулациите од страна на опонентите нема да дадат резултат.
„Разликата сега е 360 гласа, а во вториот круг ќе биде над 600 – во корист на сите слободоумни граѓани кои сакаат подобра иднина за Крушево, без разлика дали се од градот или селата“, додаде Христоски.
- СДСМ: 5 советници
- ВМРО-ДПМНЕ: 4 советници
- ДУИ: 1 советник
- ВЛЕН: 1 советник



