Градоначалникот на Крушево -Томе Христоски и градоначалникот на Битола – Тони Коњановски во посета на САД
„Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“ e насловена Меѓународната програма за лидерство на посетители, која ќе се одвива на повеќе локации во САД, во периодот од 6-16 септември, на која ќе учествуаат 8 градоначалници од нашата земја.
На покана на Амбасадата на САД, двајцата градоначалници од Пелагонискиот регион, градоначалникот на Крушево Томе Христоски и градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со уште 6 колеги, градоначалници од останатите општините во Република Македонија, се дел од ова студиско патување, за кое поддршката е обезбедена од Владата на САД, во функција на олеснување на меѓусебното разбирање меѓу луѓето од нашите две земји и во насока на постигнување повисоки резултати и ефикасност во работењето.
Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, на својот ФБ Профил го сподели следново:
„Ја имам честа, во периодот од 6-16 септември 2023 година, да бидам во посета на Соединетите Американски Држави, на покана од Aмериканскиот Стејт департмент и да учествувам во Програмата за лидерство за меѓународни посетители, ,,Ефективно управување со финансиите и ресурсите на локалната самоуправа“.
Во моментот сум на работна средба, која ја води Mishelle SUAREZ YAMIN, од US Deparment of State.
Предавања, позитивни искуства, размена на искуства, ефективно управување со финансиите, дискусија и многу информации.
Благодарност до USAID, што овозможува да учиме менаџмент на локалнкте самоуправи и оптимизација на финансиските трошоци и што ни го овозможи ова студиското патување, кое ќе биде убаво искуство, од кое ќе произлезат нови идеи, кои ќе можат да се применат во општините.
И во наредните неколку денови, очекувам особено плодно студиско патување и искуства, кои можат значајно да влијаат на нашите перцепции и пристапи кон локалната самоуправа.