| | |

(ВИДЕО) ДЕБАТА ЗА ОСВЕСТУВАЊЕ И СЕДНУВАЊЕ НА ИСТА МАСА

Во Музејот за тутун, се одржа дебата на тема „Приказните на Прилеп“, после изложбата на каширани фотографии во која беше дел од „Денови на европското културно наследство“. Луѓе кои се дел од културата во Прилеп, новинари, јавни личности разговараа за тоа како Прилеп да создаде културна стратегија којa ќе произведе приказна што ќе биде примамлива за туристи.

ПР-от на градската библиотека „Борка Талески“, Моника Талеска, потенцираше дека институциите треба да сораборуваат помеѓу себе и секоја институција да има професионалец кој ќе ја гради приказната на самата институција. Од првиот човек кој пречекува гостин, до директорот сите треба да се вклучени во доброто презентирање на институцијата во која работат.

Директорот на Институтот за старословенска култура, Александар Василески поентираше со, секоја приказна мора да се стави во културно историски контекст, за да биде актуелна и примамлива.

Александар Цветкоски, кустос во Завод и музеј Прилеп, го раскажа примерот на успешна приказна со првата организација на Прочка, но исто така заклучи дека сме и „,мајстори“ за да си ги уништиме добрите приказни.

Проследете дел од дебатата, која се надеваме е само почеток на нешто кое што луѓето од културата во Прилеп ќе го прават често и конечно ќе создадат приказна која што ќе сака да ја чуе светот и да не посети.

Слични Објави