|

СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ ЗА НОСЕЊЕ СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ

Остануваат уште 15 дена за јавноста да поднесе сугестии и коментари на нацрт-законот  (закон објавенен на ЕНЕР) за изменување и дополнување на Законот за странци, поднесен од Министерството за внатрешни работи (МВР). Овие измени имаат за цел да ја поедностават процедурата за ангажирање на странски работници.

Новина ќе бидат намалените обврски или критериуми кои странецот треба да ги исполнува за да му се одобри привремен престој во земјава.

Со измените во законодавството за привремен престој на странци се воведуваат неколку олеснувања во процедурата за поднесување барања и продолжувањето на престојот се олеснува. Странците сега треба да бидат неосудувани во државата каде престојуваат во последната година, а не во земјата на државјанството. Олеснувања има и за членови на семејства на државјани, како и за странци кои поднесуваат барање за престој поради работа.

Продолжувањето на привремениот престој ќе се одобрува не порано од 90 дена пред истекот, а не како досега од 30 дена. За странци што работат на стратешки проекти, одобрувањето на престојот ќе се врши без мислење од Агенцијата за вработување, а ќе биде доволна потврда од Министерството за економија а не АВРМ.

Новите измени ги поедноставуваат административните процедури и ги намалуваат документите кои треба да се достават, особено за странците вклучени во стратешки проекти и за членовите на семејствата на државјаните.

Министерството за внатрешни работи смета дека измените се во согласност со Законот за утврдување јавен интерес и ќе ја поедностават процедурата за сите компании кои вработуваат странци. Според министерот, новите решенија ќе овозможат ефикасно спроведување на инфраструктурните проекти.

Според предлагачите, измените нема да предизвикаат нови фискални обврски, ниту дополнителни ресурси за институциите. Исто така, нема да има влијание врз малите и средни претпријатија.

Слични Објави