Младинскиот центар во Новаци – Простор за Млади со Нови Иницијативи и Опрема
Во просториите на Младинскиот центар во Новаци се одржа завршен настан на кој беа претставени успешно реализираните активности и проекти на младите од општината во текот на изминатата година. Настанот ги истакна постигнувањата на младите и потенцираше нови можности за нивно ангажирање.
Со финансиска поддршка од Општина Новаци и Фондацијата за демократија на Вестминистер, како и соработка со организацијата „Про Локал“, центарот беше значително опремен. Новата опрема вклучува:
Со средства од Општина Новаци и Фондацијата за Демократија на Вестминисер, во соработка со Про Локал за Младинскиот центар беше набавена следната опрема: 2 плејстешн, џојстици, неколку игри за плејстејшн, 12 Lazy Bag, проектор , 2 телевизори со држачи, фрижидер , звучник со микрофон, бела табла, дисперзер за вода,климатизер и фудбалче.
Младинскиот центар во Новаци деновиве е омиленото место на младите каде редовно се собираат и се дружат во попладневните часови.
Следна активност на младите е поднесување на иницијатива за формирање на Младински центар во Новаци со што оваа самоуправа ќе биде првата рурална општина со ваква активност во Македонија.
Претходно на иницијатива на младите од Општина Новаци беше направена теретана на отворено во склоп на спортската сала во Новаци.