Довербата во анкетите зависи од демократскиот развој

Не секогаш испитаниците се искрени во своите одговори, особено кога станува збор за анкетите со политичко-партиска тематика.

Искреноста на граѓаните е особено чувствителна кога станува збор за телефонските анкети на јавното мислење кои во јавноста се презентираат како анонимни, но кај граѓаните раѓаат чувство на сомнеж, па оттука тие не им веруваат на резултатите до кои дошле. Повеќето граѓани кои ги прашавме по случаен избор велат дека одбиваат да одговараат на прашања по телефон, најчесто затоа што немаат доверба кон оној од другата страна.

„Јас за себе одговарам како што е, за другите не знам.“

„Не се искрени луѓето, не се.“

„Зависи од прашањето, дали ќе се искрени или не.“

„Луѓето многу малку сакаат да одговараат на анкети во денешно време.“

„Тоа што јас го кажувам го верувам, меѓутоа не сум сигурен дали тоа што луѓето го кажуваат во тие анкети го мислат“, велат дел од анкетираните граѓани.

Tелефонската анкета не може да биде анонимна како тип, зошто некој треба да го знае вашето име за да дојде до телефонскиот број. Оттука не може да сметаме дека луѓето се искрени кога учествуваат во ваквите истражувања, вели комуникологот и истражувач Александар Цветкоски.

„Луѓето се тесно поврзани со политичките партии во секојдневниот живот и сите замислуваат дека ако кажат нешто тоа би може да се одрази на нивниот статус во општеството, дека може да им се одрази ако зборуваат лошо ако зборуваат нешто против власта или некоја личност и од политичка партија. Значи калкулираат. Колку е повисоко на скалата во општество, толку повеќе калкулира“, вели Цветкоски.

Прочитајте го следниот напис на следниов линк.

Слични Објави

Напишете коментар