1ТВ: Анкета на АГТИС: Граѓаните поосвестени и со повеќе надеж за реформи – тема во Студио 1
Зголемена доверба на граѓаните во политичкиот процес и реформите покажува анкетата на граѓанската организација АГТИС. Според нејзиниот претседател Александар Цветковски, луѓето се плашат да одговараат на анкети поради скандалот со прислушкувањето, но се повеќе склони да бидат аналитични и да не веруваат во сешто и имаат повеќе надеж од порано.
Според него, радува намалениот процент на граѓани без став, од 29 на само 7% за некои прашања или личности. За реформскиот капацитет на Владата, ставовите се многу спротивставени.
Целиот разговор погледнете го во видеото.