| | |

Доделени наградите за „Прочка 2025“ (видео)

Денес, во собраниската сала на Општина Прилеп, беа доделени наградите на најдобрите учесници на карневалот „Прочка 2025“. На настанот присуствуваа претставници од локалната самоуправа, организаторите на карневалот, како и граѓани – љубители на оваа долгогодишна традиција.

Градоначалникот на Прилеп им се заблагодари на сите учесници и организатори, истакнувајќи дека карневалот „Прочка“ останува еден од најважните културни настани во градот, привлекувајќи гости од целата држава и пошироко. Настанот заврши со заедничко фотографирање и ветување дека традицијата ќе продолжи со уште поголем сјај наредната година.

Да се потсетиме на наградените:

☑️ НАЈ МАСКА – Танц на ангелите, ООУ Кочо Рацин!

🥇– 1 место – Принцови и принцези, ООУ Кочо Рацин!

🥈– 2 место – Вили Винка и фабрика за чоколада

ООУ Добре Јованоски!

🥉– 3 место – Времеплов,

ООУ Климент Охридски и – Сакај се, сакај ме и чувај се-

ООУ Гоце Делчев!

☑️ – Поединечна маска –

КИТИ БРДИ Мила Спиркоска –

ООУ Климент Охридски!

☑️ – Традиционална маска –

Јаничари с. Врбјани Кривогаштани!

☑️ – Награда за посебен придонес – За најмладите учесници на карневалот – Детска градинка Наша иднина Прилеп, со маската – Штрумфови!

Слични Објави