Денеска се празнува Свети Алексеј, човек Божји
Свети Алексеј се смета за заштитник на питачите, патниците, аџиите и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите сиромашни и несреќни луѓе и дека, на овој голем ден, никако не е добро да го бркате просјакот од вратата или да му одбиете милостина затоа што ќе го навредите светителот.
Свети Алексеј е роден во Рим за време на царот Хонориј, во угледно и многу богато семејство. Преданието вели дека неговите родители биле побожни и богоугодни луѓе без разлика на моќта и богатството што го имале.
Алексеј бил нивниот единствен син и бил принуден да се ожени. Меѓутоа, на првата брачна ноќ побегнал и следните 17 години ги поминал како просјак патувајќи од место до место низ Римската империја, ширејќи го христијанството и постојано молејќи му се на Бога, пренесува Стил.
По 17 години талкање, бродот на кој се наоѓал, поради силните ветрови, скршнал од првобитниот пат и ги однел во Рим. Светецот го зедл како знак и ја посетил куќата на своите родители. Таткото и мајката не го познавале просјакот кој дента им дошол на врата, но му дозволиле да живее во колибата во нивниот двор. Алексеј таму го продолжил својот подвижнички живот и во наредните 17 години живеел блиску до куќата на своите родители.
Христијаните веруваат дека на денот кога се упокои свети Алексеј Римски во црквата на Светите апостоли, во присуство на царот и патријархот, се слушнал глас кој им рекол „да го побараат човекот Божји“. Малку подоцна се дознало дека човекот бил просјак кој живеел во дворот на богато семејство, а кога царот со целата негова придружба пристигнал во колибата на Алексеј, се се открило. Светецот бил пронајден мртов, но преданието вели дека неговото лице „блескало како сонце“.
Во раката имал парче хартија на кое непосредно пред смртта ја запишал својата животна приказна. Од ова родителите и неговата сопруга, кои цело време го чекале, дознале кој е всушност просјакот што го дочекале во нивниот дом. Настанала голема тага, но семејството на блажениот Алексеј набргу се утешило гледајќи ги чудата што според преданието „човекот Божји“ ги правел и по неговата смрт.
Имено, христијаните веруваат дека многу болни се излекувале со допирање на неговото тело и дека светото миро течело од телото на свети Алексиј. Тој беше погребан во мермер и смарагден ковчег. Неговата глава е во Светата Лавра на Пелопонез.