Новаци го одбележа празникот Св. Атанасиј Велики со обичај кршење на лепче со златно крвче
Св. Атанасиј Велики – празникот што го означува крајот на најголемите студови
Жителите на Новаци денеска традиционално го одбележаа христијанскиот празник Св. Атанасиј Велики, кој во народното верување се смета за симбол на победата над најсилните зимски студови. Во рамките на прославата, како и секоја година, се одржа обичајот на кршење на лепчето со златно крвче, со кое се избира кумот за следната година.
Оваа година, среќата му припадна на Илче Трајковски, кој го пронајде крвчето и ќе ја има честа да биде кум за следниот празник.
Св. Атанасиј Велики во народната традиција е познат и како светец кој ја најавува втората половина од зимата, а според верувањата, неговиот празник означува дека најголемите студови се поминати. И покрај тоа, народната поговорка „Атанас фрли кожувот – ја врз нас, ја врз рас“ предупредува дека зимата може да донесе уште изненадувања.
Празникот беше проследен со заедничка радост, молитви и честитки меѓу жителите на Новаци, кои ја продолжуваат вековната традиција.