Решен деценискиот проблем со атмосферскиот канал на ул. „Александар Македонски“
Со средства од Програмата за инвестирање во животната средина од Министерството за животна средина и просторно планирање и кофинансирање од Општина Прилеп, реализиран е проектот за зацевување на атмосферскиот канал DN 1000 на улицата „Александар Македонски“ и чистење на површината на која се протегаше овoј отворен канал кој беше еден од најпроблематичните делови во инфраструктурата во оваа урбана заедница. Вредноста на проектот изнесува 4.459.742,58 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на инфраструктурата и животната средина во овој дел од градот.
Со оваа инвестиција Општина Прилеп доби одлично инфрастуктурно решение на деценискиот проблем кој на овој дел од градот.
Специфичноста на овој канал е во тоа што опфаќа големо сливно подрачје со голема површина, а на истиот е изведен пропуст под ул. Александар Македонски со дијаметар DN 800 бетоска цевка.
Поради овие причини од страна на ЈКП „Вододвод и канализација“ Прилеп се изготви техничка документација во вредност од 40.522,00 денари со која беше опфатена регулација односно зацевување на овој канал DN 1000 со должина од 110 метри, чистење на наталожената тиња и вегетацијата која се протегаше над овој отворен канал кој беше во значително лоша состојба.
Со реализацијата на овој проект се доби една прекрасна целина со што од страна на ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп беа изведени и нови канализациони и атмосферски приклучоци за локалното население и наредниот период како што е планирано според Урбанистичкиот план на овој дел од градот да се спроведе улица која ќе биде поврзана со улицата „Блаже Темелкоски“ и со тоа дополнително ќе се подобри комуналната инфраструктура во овој дел од градот Прилеп, што претставува еден од основните предуслови за побрз економски и социјален развој, а со тоа директно ќе се придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на населението.
Реализацијата на проектот има големо влијание кон намалувањето на загадувањето и обезбедување на повисок степен на заштита и зачувување на животната средина.
Како дел од плановите за развој, просторот каде што беше каналот ќе се користи за изградба на нова улица, која ќе ја поврзе „Александар Македонски“ со улицата „Блаже Темелкоски“. Ова значајно ќе ја подобри комуналната инфраструктура и ќе го олесни движењето низ градот.
„Овој проект не само што ги решава инфраструктурните предизвици, туку директно придонесува кон намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.“ изјавија градоначалникот на општина Прилеп.