Да помогнеме на Стефани да застане на нозе
Дваесет и едногодишната Стефани секојдневно се соочува со последиците од својата здравствена состојба, поради која не може самостојно да направи ниту еден чекор. Иако е млада девојка со желби, планови и силна волја, таа е целосно зависна од помошта на своите родители за извршување на најосновните секојдневни активности.
Поради силниот и постојан грч во мускулите на нозете, секој обид за движење предизвикува болка, а Стефани се движи со инвалидска количка.
Во изминатите години семејството поминало низ бројни физикални терапии, рехабилитации и хируршка интервенција на Ахиловите тетиви, вложувајќи ги сите свои финансиски средства во обид да ѝ помогнат. Сепак, според лекарските проценки, можностите на досегашните третмани се исцрпени.
Нова надеж за подобрување на нејзината состојба претставува роботизираната неврорехабилитација во специјализирана клиника во Ниш. Станува збор за современ метод кој со помош на роботизирани системи го стимулира мозокот повторно да воспостави правилна контрола врз движењата и постепено да ги намали спастичните грчеви. Според препораките на специјалистите, токму оваа терапија може значително да ги зголеми шансите Стефани да ги направи своите први самостојни чекори.
За реализирање на третманот и неопходните специјалистички прегледи потребни се 15.700 евра, сума што семејството не е во можност самостојно да ја обезбеди.
Затоа, тие упатуваат апел до сите хумани граѓани, компании и организации кои се во можност да помогнат. Секоја донација, без разлика на износот, претставува чекор поблиску до шансата Стефани да добие поголема самостојност и подобар квалитет на живот.
Можете да донирате на линкот:



