|

Чупетрески: „Нема да земам плата како градоначалник – парите ќе ги донирам во хуманитарни цели“

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Борче Чупетрески, денеска јавно објави писмена изјава заверена кај нотар, со која официјално се откажува од платата и сите надоместоци што законски му следуваат доколку ја извршува функцијата градоначалник.



„Мене со пари не ме купувате. Во животот сум имал и премногу и премалку, но секогаш сум имал достоинство и чест. Како човек на морал и принципи, изјавувам дека нема да работам за народни пари. Истите ќе ги донирам во хуманитарни цели – за општествено добро,“ стои во изјавата на Чупетрески.

Тој ги повика и останатите кандидати за градоначалници да го следат неговиот пример и да се откажат од платите доколку искрено им е целта да му служат на народот, а не на личниот интерес.

„Воедно ги повикувам и прилепските пратеници во Собранието да се откажат од своите плати, патни трошоци и додатоци – за доброто на граѓаните и на оние на кои им е навистина неопходна финансиска помош,“ додава Чупетрески.

Со јасна и цврста порака:
„За Прилеп се работи – град на нашите деца!“,
Чупетрески го заокружyва своето обраќање преку социјалните мрежи.

Слични Објави