Мартин Благојески од Прилеп заедно Сафет Алили, донираа медицински помагала во неколку болници
Мартин Благојески од Прилеп, кој живее и работи во Германија и Сафет Алили од Ростуше кој подолг период живее во Луксембург, претставници на Македонската дијаспора, преку програмата за помош на ранливи категории граѓани во соработка со невладината организација „Летс Кер“ од Луксембург, во изминатиов период со различни проекти донираа медицински помагала во болниците во Прилеп, Македонски Брод и последната донација беше во Крушево.

Во болниците се донирани различни помагала, инвалидски колички, медицински кревети, ролатори. Овие македонци заедно со невладината организација „Летс Кер“ од Луксембург, со својата несебична поддршка направија значителен позитивен импакт за многу семејства во нашата земја, не само што се посветуваат на хуманитарни активности, туку и активно учествува во подобрувањето на условите за живот на оние кои најмногу им е потребна помош.

„Оваа донација е од огромно значење за лицата кои имаат потреба од помошни ортопедски помагала за полесно остварување на нивните основни потреби.“ истакна Томе Христоски градоначалник на Крушево.