Зелените површини жртвувани, приватните интереси го диктираат урбанизмот – 22 од 34 градски општини не ги исполнуваат стандардите (ДЗР)
Државниот завод за ревизија во најновиот извештај алармира дека урбанистичкото планирање на зелената инфраструктура во Македонија е неефикасно и недоволно координирано. Според наодите, 22 од 34 општини со седиште во град не го исполнуваат препорачаниот стандард за минимум 25 м² зеленило по жител, а ситуацијата укажува на системски недостатоци кои се провлекуваат со години. Извештајот…



